Време е за врвен ракомет: Вардар против традицијата во ЛШ

Со денешниот дуел од групата Д меѓу Мотор Запорожје и Чеховски медведи и официјално ќе биде означен стартот на новата сезона од ракометната Лига на шампиони. За првпат во историјата, Вардар ќе ја има улогата на бранител на трофејот, со самото тоа и предизвикот во борбата против традицијата, која вели дека ниту еден шампион не успеал да ја одбрани европската ракометна круна.

„Вардарци“ се дел од групата A заедно со Барселона, Некар Левен, Загреб, Висла Плоцк, Пик Сегед, Кристијанштад и Нант. Македонија повторно ќе има два учесници во Лигата на шампионите, па Металург е дел од групата Д заедно со Монпелје, Спортинг Лисабон, Бешикташ, Мотор Запорожје и Чеховски медведи. Во рамките од првото коло „металурзите“ в сабота му гостуваат на Монпелје, додека Вардар одбраната на круната ја почнува со неделното гостување против Висла во Полска.

Во пресрет на стартот од новата сезона, еве неколку интересни бројки поврзани со учесниците во ЛШ.

0 – Од воведувањето на Ф4 турнирите во 2010 година, ниту еден европски првак не успеал да ја одбрани титулата. Последен тим што две години по ред бил шампион на Европа бил Сиудад Реал (2008 и 2009).

1 – Само еден играч успеал да ја одбрани титулата во ЛШ по 2010 година, „вардарецот“ Иван Чупиќ кој една година претходно триумфираше во ЛШ со Кјелце.

1 – Само еден човек ја освоил ЛШ како тренер и како играч – Талант Душебајев. Тој триумфираше во елитното европско натпреварување во 1994 со Сантандер, а потоа како тренер три пати беше шампион со Сиудад Реал (2006, 2008 и 2009) пред на врвот на Европа да го искачи и Кјелце во 2016.

DUSEBAJEV SE MOLI

2 – Само двајца тренери стигнале до титули во Лигата на шампионите со два различни клубови, Алфред Гисласон (Магдебург во 2002, Кил во 2010 и во 2012 година) и Талант Душебајев (Сиудад Реал 2006, 2008, 2009 и Кјелце 2016).

4 – Најуспешните активни ракометари во Европа имаат по четири трофеи во Лигата на шампионите, Тиери Омејер од ПСЖ и Урош Зорман од Кјелце. Најтрофеен европски ракомет останува Андреј Чепкин со седум титули (шест со Барселона, една со Кил).

6 – Македонија е една од шесте земји кои имаат свои екипи со епитет европски шампиони: Шпанија (14 титули), Германија (шест), Македонија, Полска, Словенија и Франција (по една).

sterbik

7 – Седум играчи кои биле избирани за најдобри во светот се дел од оваа сезона во ЛШ. Листата ја предводи голманот на Вардар, Арпад Штербик (2005), а на неа се наоѓаат и Никола Карабатиќ (2007, 2014, 2016), Тиери Омејер (2008), Славомир Шмал (2009), Микел Хансен (2011, 2015), Даниел Нарсис (2012), Домагој Дувњак (2013).

8 – Барселона е најтрофеен европски клуб со осум титули (1995 до 2000, потоа во 2011 и во 2015 година).

24 – Загреб е рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите. Хрватскиот првак 24 пати учествувал во елитното европско натпреварување, пред Целје и Веспрем со по 23 учества.

genshajmer

115 – Бројот на голови што минатата сезона ги постигна Уве Генсхајмер, кој беше најдобар стрелец во ЛШ

Се вчитува...