Кристијано Роналдо вчера со два погодоци ја отвори сезоната на Реал во Лигата на шампиони. „Кралевите“ триумфираа со убедливи 3-0 над АПОЕЛ Никозија, а нивниот најдобар фудбалер смета дека добро ја започнаа одбраната на најпосакуваниот пехар.
„Моравме да го победиме овој меч. Игравме на свој терен и посакувавме да стартуваме на најдобар можен начин. Делувавме добро на теренот, можевме да постигнеме уште некој гол, но и вака сум задоволен. Секако дека главна цел е повторно да го одбраниме трофејот“, вели Роналдо
Имено, Реал е единствениот тим кој успеал да го одбрани трофејот од најелитното клупско натпреварувње, во поновата фудбалска историја, а португалскиот ас цели кон хет-трик.
„Лигата на шампиони е натпреварување на Реал, и нормално е повторно да сакаме да сме најдобри. Но патот е многу долг, одиме натпревар по натпревар“, посочи Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА