Работнички со пораз стартуваше на турнирот во Ботевград

Екипата на Работнички со пораз го започна меѓународниот турнир во Бoтевград, Бугарија. Српскиот прволигаш Динамик беше подобар од македонскиот претставник со 91-90.

Тимот на Докузовски не успеа да ја задржи предноста која ја градеше цели три четвртини, па по предност од 75-67 во последните 10 минути, Работнички потфрли и му дозволи на противникот да обезбеди пласман во финалето од турнирот, со само половина кош предност.

138170-penal-poraz-za-rabotnichki

Најефикасен меѓу кошаркарите на тимот од „Градски парк“ беше Чавдар Костов со 26 поени, додека Маркус Гинјард забележа 22 поени. Утре Работнички ќе се бори за третото место со подобриот од дуелот Балкан Ботевград – Академик Бултекс.

Се вчитува...