Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ќе го пропушти вечерашниот дуел против АПОЕЛ Никозија во Лигата на шампиони, поради инфекција на ногата со која се здобил откако се депилирал.
Шпанецот не може да ги облече фудбалските чорапи, поради инфицираното место на ногата, па мечот ќе го следи од трибините на „Сантијаго Бернабеу“. Ако се знае дека тренерот Зинедин Зидан ќе го нема на располагање и Карим Бензема кој е повреден, јасно е дека навалната линија на „кралевите“ ќе биде ослабена. За нивна среќа, во тимот се враќа Кристијано Роналдо, кој одлежува суспензија во Шпанија, но има право за настап во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА