По официјалниот договор за негово продолжување на кариерата во дресот на белградска Црвена Звезда се огласи и македонскиот кошаркар Перо Антиќ.
Антиќ, преку официјалниот свој Инстаграм профил им се заблагодари на Фенербахче и неговите навивачи за прекрасните две години минати во Истанбул…
„Изминатите две години за мене беа едно неверојатно искуство. Доживеав многу незаборавни моменти а бев и дел од историски момент – освојувањето на титулата во Евролигата, со група од извонредни соиграчи, тренер и клуб… Не постојат зборови со кои можам да им се заблагодарам на навивачите за максималната поддршка кон мене за цело време додека бев во клубот. Ви благодарам за се…, и му посакувам на семејството Фенербахче многу успеси во следните години” – напиша Антиќ.
Како што е познато, Антиќ потпиша едногодишен договор со Црвена Звезда, а официјалната негова промоција во црвено-белиот дрес е закажана за в четврток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА