Карло Анчелоти е се поблизу до отказ откако дел од фудбалерите се погласно го искажуваат своето незадоволство од италијанскиот стратег. Поразот од Хофенхајм придонесе Роберт Левандовски гласно да го искаже своето незадоволство, па иако Полјакот беше критикуван за таквиот пристап, челниците на Баерн сепак стануваат свесни дека Анчелоти ја нема повеќе поддршката на екипата.
Токму поради ова се најавува дека Италијанецот до крајот на оваа година би можел да си замине од „Алијанц арена“, особено откако беше обелоденето дека тој веќе добил богата понуда за од следнат сезона да работи во далечната Кина. Баварскиот гигант се надева на реализација на овој трансфер за да не мора да плаќа отштета, а веќе е подготвена и замената за трофејниот стратег – Џулијан Нагелсман.
Младиот стратег на Хофенхајм минатиот викенд го зеде скалпот на баварците во Бундес-лигата, уште еднаш потврдувајќи дека поседува извонреден потенцијал. Баерн во него гледа долгорочно решение за тренерската позиција, а и самиот Нагелсман не ја крие желбата да седне на клупата на најтрофејниот германски клуб.
„Не е тајна дека Баерн Минхен е клубот за кој сонувам долги време, бидејќи многу години живеев во Минхен, во моментиве градиме и куќа во овој град со моето семејство. Презадоволен сум од својот живот, а би бил уште посреќен кога би заминал во Баерн“ – истакна Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА