Јувентус без „воините“ Кјелини и Манџукиќ против Барселона

Екипата на Јувентус ќе биде значително ослабена против Барселона за првиот дуел на овогодинешното отворање во Лигата нашампиони. Џорџо Кјелини и Марио Манџукиќ не патуваат за Шпанија, иако денес тренираа со остатокот од тимот, Алегри нема да смета на нивните услуги за утрешниот натпревар на „Камп Ноу“.

Добра вест за „старата дама“ е враќањето на Алекс Сандро, кој за мечот со Киево не настапи поради настинка.

Покрај Кјелини и Манџукиќ, во Торино остануваат и повредените Сами Кедира, Кладио Маркизио, Хуан Квадрадо, како и новото засилување, германскиот репрезентативец Бенедикт Хеведес.

 

Се вчитува...