Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја критикуваше трансфер политиката на Баерн Минхен, истакнувајќи дека клубот треба да носи фудбалери од топ класа, а не некои просечни играчи.
Левандовски испрати серија критики кон челниците на клубот, по што следеше реакција од претседателот Карл Хајнц Румениге кој потенцираше дека Левандовски ќе има работа со него лично поради неодмерените изјави.
„Левандовски сигурно посакува трансфер во ПСЖ, но сигурно не заборавил дека игра во Баварија и дека заработува многу пари. Жал ми е што разговараме на овој начин. Но, кој ќе се одлучи јавно да го критикува клубот ќе мора да се соочи лично со мене и тоа да го каже“ – вели Румениге.
Изјавата на Левандовски дека на Баерн му треба свежина и мора да почне да привлекува врвни фудбалери не му се допадна и на легендата на клубот, Стефан Ефенберг.
„Левандовски не смее да дава такви изјави во јавност. Баерн не троши како ПСЖ и Барселона, и повторно има врвни фудбалери. Во овој момент целта е да се развијат што повеќе талентирани домашни фудбалери. Ако на Левандовски не му се допаѓа тука нека си оди во ПСЖ кај ‘ѕвездите’“ – истакна Ефенберг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА