Американката Слоун Стивенс е сензационална победничка на УС Опен. Тоа е нејзин прв гранслем трофеј во кариерата, а го освои кога најмалку се очекуваше. Таа се врати на тениските терени по пауза од 11 месеци поради повреда и на 31.јули беше рангирана како 957.тенисерка на ВТА – листата. Во Њујорк пристигна како 87.тенисерка во светот и не беше носителка, но успеа да стигне до пехарот.
„Ова е неверојатно. Ваква среќа досега не сум почувствувала. Ова е исполнување на сонот. Игравме американско финале со Меди, а јас сум победничка во Њујорк. Некој да ми кажуваше, немаше да верувам“, изјави Стивенс по остварувањето на големиот успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА