Реал Мадрид веќе загуби четири бода со двете реми средби на стартот од сезонава, а Зинедин Зидан згора на тоа остана и без услугите на Карим Бензема за следните триесетина дена.
Францускиот голгетер поради повреда мораше да биде заменет кон средината на првото полувреме од дуелот со Леванте, а првичните прегледи покажале дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото. Иако лигаментите не се скинати, истегнувањето воопшто не е наивно, па првичните прогнози на лекарите се дека Бензема ќе мора да паузира најмалку еден месец од терените.
Во една ваква ситуација, со оглед на суспензијата на Роналдо (уште еден меч во Примера) Реал уште поскапо ја плаќа грешката на управата да ги продаде Хамес Родригез и Алваро Мората без да доведе адекватни замени. Зидан попладнево беше принуден како централен напаѓач да го игра Герет Бејл, улога во која Велшанецот не се снајде промашувајќи две стопроцентни шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА