Црвена звезда се најде во непријатна ситуација по заминувањето на голем дел од ланските асови, но раководството на првакот на АБА-лигата заврши одлична работа со доведување на адекватни замени.
„Црвено-белите“ за последна ја оставија позицијата плејмејкер, но и таму најдоа одлично решение потпишувајќи договор со Тејлор Рочести. Станува збор за американски кошаркар кој поседува и црногорски пасош, откако пред неколку години настапуваше за оваа репрезентација. Рочести во кариерата има настапувано за бројни врвни клубови како Монтепаски Сиена, Макаби, Каха лаборал, а минатата сезона ја мина во дресот на Локомотив Кубан, тим за кој во Еврокупот имаше просек од 11,4 поени и 3,2 асистенции по натпревар.
Тој е второто суперзасилување за Црвена звезда по ангажманот на Џејмс Фелдеин од Панатинаикос, а договори со „црвено-белите“ летово потпишаа и Марко Кешељ, Стефан Јанковиќ, Никола Јовановиќ и Матијас Лесорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА