„Кралевите“ без Модриќ, Навас и Роналдо…Барди е адутот на Леванте

Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид денеска (13 часот) на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Леванте. Македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој е единствениот наш претставник во Ла Лига, ќе има можност да игра против „кралскиот клуб“, кој ќе биде без услугите на Лука Модриќ, Кејлор Навас и Кристијано Роналдо. Првите двајца се изоставени од тимот со одлука на тренерот Зинедин Зидан, за да се одморат пред напорниот период. Реал Мадрид за 23 дена ќе одигра дури седум натпревари, па шефот на стручниот штаб одлучи да не ги повика за денешниот дуел со Леванте.

Кристијано Роналдо и натаму ја одлежува суспензијата од Суперкупот на Шпанија, кога го оттурна судијата. Затоа пак во составот на „кралевите“ се враќа капитенот Серхио Рамос, кој ја одлежа суспензијата. Дефанзивецот Хесус Валјехо исто така е дел од тимот на Реал Мадрид, откако се опорави од повредата на мускулот.

Се вчитува...