Турскиот интернационалец Арда Туран останува во редовите на Барселона. Иако за него постоеше голем интерес од Галатасарај, неговиот поранешен клуб, да го доведе на едногодишна позајмица, сепак, Арда Туран одлучи да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за место во составот на Ернесто Валверде. По заминувањето на Нејмар, сега тој има многу поотворена можност за поголема минутажа, и покрај ангажманот на младиот Французин, Осман Дембеле.
Арда Туран пред две години пристигна во Барселона за сума од 40 милиони евра од редовите на Атлетико Мадрид, а првите шест месеци немаше право на настап поради тогашната забрана за трансфери на каталонскиот клуб. Но, и подоцна не успеа да се избори за стандардно место во составот што го предводеше Луис Енрике. 30-годишниот играч за врска се надева дека сега ќе успее да се покаже кај новиот тренер Ернесто Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА