Турскиот гигант Фенербахче, кој беше елиминиран од македонскиот првак Вардар во плејоф колото за пласман во групите од Лигата на Европа, донесе капитално засилување во нападот во последниот ден од летниот преоден рок во Турција. По сериозната повреда на Робин ван Перси, раководството на клубот му пронајде холандска замена. Нов фудбалер на Фенербахче ќе биде Винсент Јансен, холандскиот репрезентатицец кој доаѓа на едногодишна позајмица од англискиот премиерлигаш Тотенхем.
„Среќен сум што допатував во Истанбул. За мене ова е нов предизвик и нова можност во кариерата“, изјави Винсент Јансен, на аеродромот „Кемал Ататурк“, а потоа се упати во клупските простории на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА