Светската фудбалска организација (ФИФА) отвори постапка против фудбалерот на Англија, Деле Али, кој покажа среден прст за време на натпреварот против Словачка во квалификациите за СП 2018 година во Русија. Дисциплинската комисија ќе треба да одлучи дали и каква казна ќе добие англискиот репрезентативец за својот неспортски потег.
„Само да разјасниме, мојот гест вечерва беше само шега меѓу мене и мојот добар пријател Кајл Вокер“, изјави Деле Али по мечот со Словачка.
Меѓутоа, јасно е дека ФИФА нема да дозволи овој негов потег да мине потполно неказнето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА