Германскиот првак Баерн Минхен ќе биде без услугите на левиот бек Давид Алаба на саботното гостување против Хофенхајм во Бундес-лигата. Тој заработи повреда на скочниот зглоб за време на репрезентативните настапи со селекцијата на Австрија и ќе треба да паузира најмалку десетина дена.
„Ќе го немаме на располагање Давид Алаба, но затоа се тука Никлас Суле и Себастијан Руди“, изјави тренерот на бавсрскиот клуб, Карло Анчелоти.
Суле и Руди за првпат ќе се вратат во Хофенхајм, но сега во дресот на Баерн Минхен, откако ова лето пристигнаа на „Алијанц арена“ и го засилија германскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА