Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ се врати повреден на „Камп Ноу“ по репрезентативната акција. Тој се повреди на квалификацискиот меч меѓу Хрватска и Косово, а ќе мора да паузира уште десетина дена. Со оглед на тоа, јасно е дека ќе ги пропушти двата наредни меча на Барселона.
Ракитиќ нема да може да им помогне на соиграчите на каталонското дерби против Еспањол овој викенд, како и на натпреварот против Јувентус на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Ернесто Валверде ќе треба да одбере меѓу новото засилување Паулињо, како и шпанскиот репрезентативец Серхи Роберто, кој би го заменил Ракитиќ на средината на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА