Како што сме веќе и навикнати кога е тој во прашање, Енис Барди одигра нова одлична партија во црвено-жолтиот дрес… Но, не успеа, како што вели, на крај да се израдува на триумф.
„За жал изостана победата. Одигравме навистина добар натпревар против тежок противник. Знаевме дека не чека тежок меч, посебно во ситуација и кога пред само три дена имавме уште еден тежок дуел во Израел. Имавме можности со пресврт да триумфираме, на време успеавме да израмниме, но не реализиравме. Но тоа е фудбалот… Не смее да има разочарување, затоа што знам дека во иднина оваа репрезентација ќе носи многу успеси. Мислам дека и ние помладите донесовме многу новини во тимот, тука се Николов, Муслиу, Велковски, Радески, Бабунски кои се вклопивме одлично во тимот и затоа верувам дека ќе има идни квалитетни изданија. И во Италија ќе се надигруваме со противникот како и на овие два дуели. Затоа што оваа Македонија веќе никого не треба во Европа да преценува туку да верува во своите сили“ – рече Барди по ремито (1-1) со Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА