Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев не го криеше разочарувањето по мечот со Албанија во кој и покрај далеку подобрата игра не успеавме да стигнеме до заслужен триумф.
Но, според Пандев оваа наша селекција со новите млади фудбалери во тимот има еден сосема нов лик кој во иднина треба дополнително да блесне.
„Ако накратко се сумираме мислам дека пресуди голманот на Албанија, Бериша кој бранеше и ситуации кои беа неодбранливи. Штета што не стигнавме до победата затоа што ја заслуживме, но тоа е фудбалот во финишот не реализиравме неколку одлични шанси. Во секој случај, мора да кажам дека оваа репрезентација има навистина одлична иднина. Одигравме во три дена два квалитетни натпревари кои носат нова надеж. Младите играчи донесоа свежина во тимот, и тоа е очигледно, треба сите ние да веруваме во нив и верувам дека неизбежно ќе дојдат и резултатите“ – ни изјави веднаш по натпреварот Горан Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА