Бартомеу ги смирува „каталонците“: Меси го прифати новиот договор уште во јуни!

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бартомеу во екслузивното интервју за каталонскиот медиум „Мундо депортиво“, откри дека Лионел меси има потпишано нов договор со клубот.

Но, според Бартомеу, клубот има проблем со распоредот на евенти, односно случувања поради кои не може да се закаже соодветна пресконференција на која ќе ги обелодени сите детали околу новиот договор на аргентинската супер-ѕвезда.

„Воопшто не сум загрижен, бидејќи Меси се согласи да го потпише новиот договор уште во јуни месец. Но, работата не е така едноставна, треба да се потпишат три документи, со неговиот татко, кој е во улога на агент, со неговите адвокати, и најважното, потпишувањето на Меси. За да биде се во ред, потребно е Меси да ја помине стандардната процедура, да стави потпис на новата соработка пред камерите. Но, не бевме во можност да го организираме сето тоа поради проблемот со распоредите, односно течението на случувањта. Откако ќе се врати од репрезентативните обврски ќе зборуваме со Лео за организирање на пресконференција на таа тема, но за краток период се натпреварите со Еспањол, Јувентус, Хетафе… Сепак, сметам дека се ќе се реши во најскоро време“, истакна Бартомеу.

По заминувањето на бразилската ѕвезда Нејмар, под знак прашалник се стави и иднината на Меси во клубот. Се шпекулираше дека Сити би можеле да ја активираат клаузулата на Аргентинецот, па затоа и не ја продолжува соработкатаа со Барса, но сето тоа засега е само сон за „граѓаните“

Се вчитува...