Трансфер периодот за ова лето е далеку најскапиот во историјата на фудбалот. Се случија многу изненадувања, разочарувања, остварување на сон, нови клупски рекорди, но летниот пазарен рок за сезоната 2017/18 најмногу ќе се памети по рекордниот транфер на бразилската ѕвезда Нејмар, во редовите на ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.
Парижаните го направија она што за повеќето гиганти се чинеше невозможно, па по преселбата на Нејмар и цените на фудбалерите добија ново значење. Второто изненадување од Франција е Килијан Мбапе, кого сите го гледаа во дресот на Реал. ПСЖ успеа да го договори 18-годишниот напаѓач на едногодишна позајмица, по која следното лето ќе исплатат 180 милиони евра на Монако, а еден од најталентираните фудбалери во моментов ќе биде дел од новото напаѓачки трио со Кавани и Нејмар. Сепак Мбапе не е на оваа листа, бидејќи засега е позајмен играч, па доколку ниту еден друг клуб не реализира ангажман поголем од 180 милиони евра, Мбапе ќе биде најскапото засилување за следниот летен преоден рок.
Трансферите од Премиер-лигата доминираат на оваа листа, што е и нормално, бидејќи сите 20 клубови потрошија приближно до 1.5 милијарди фунти за засилувања, па очекувано беше да има неколку меѓу 10. највредни.
1. Нејмар – од Барселона во ПСЖ – 222 милиони евра
2. Осман Дембеле – од Борусија Дортмунд во Барселона – 105 милиони евра
3. Ромелу Лукаку – од Евертон во Манчестер јунајтед – 85 милиони евра
4. Алваро Мората – од Реал Мадрид во Челси – 62 милиони евра
5. Бенџамин Менди – од Монако во Манчестер сити – 57.5 илиони евра
6. Александре Лаказет – од Лион во Арсенал – 53 милиони евра
7. Кајл Вокер – од Тотенхем во Манчестер сити – 51 милион евра
8. Бернардо Силва – од Монако во Манчестер сити – 50 милиони евра
9. Гилфи Сигурдсон – од Свонси во Евертон – 49.5 милиони евра
10. Леонардо Бонучи – од Јувентус во Милан – 42 милиони евра
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА