Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед го објави списокот кој е пријавен за настап во Лигата на шампионите. Менаџерот Жозе Мурињо одлучи да го пријави и Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој неодамна потпиша нов едногодишен договор со клубот од „Олд трафорд“.
Тој се уште се опоравува од операцијата на коленото поради тешката повреда што ја заработи на мечот од Лигата на Европа против Андерлехт во април. Но, се очекува да биде подготвен за настап пред крајот на годината, па би можел да им помогне на „црвените ѓаволи“ за настап во елитното натпреварување.
Манчестер јунајтед ќе игра во групата А од Лигата на шампионите заедно со Бенфика, Базел и ЦСКА Москва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА