Фудбалската репрезентација на Албанија е дојдена во Струмица единствено да игра фудбал и воопшто не посветува внимание на други случувања, како што е политиката. Капитенот на албанскиот национален тим, Анси Аголи, вели дека не очекува никакви тензии и потенцира дека селекцијата на нашиот западен сосед нема да ги прифати.
„Ние сме дојдени овде да играме фудбал и максимално ќе бидеме фокусирани само на случувањата на теренот, да ги исполниме задачите на селекторот и да оствариме позитивен резултат. Сето останато е надвор од наш домен, ние сме фудбалери и ќе играме фудбал на теренот. Верувам дека можеме да одиграме квалитетен меч и да стигнеме до поволен исход“, изјави капитенот на Албанија, кој е член на Карабах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА