Околу 450 гостински навивачи се очекува да бидат присутни на утрешниот квалификациски натпревар меѓу Македонија и Албанија кој се игра со почеток од 20:45 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
Согласно правилникот на УЕФА, а според капацитетот на стадионот каде се игра натпреварот, 450 билети добива Албанската фудбалска федерација за средбата во Струмица. Толку, според најавите, ќе има и присутни албански навивачи на стадионот „Младост“ кој сега е со нов лик, со дополнително изградени монтажни трибини од страните и доопремена централна трибина.
Репрезентативците на Албанија, пак, денеска во претпладневните часови од Скопје се селат во Струмица на финалните подготовки за утрешниот дуел. Вечерва гостите ќе го одработат и официјалниот тренинг во пресрет на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА