Македонија подобра во Хаифа: Поништен гол и дирек… но, 0-0 на полувреме!

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација игра подобар фудбал, барем ако се суди по бројот на изразените можности за погодок, во првите 45 минути против домашниот Израел на „Сами Офер“ во Хаифа но е без реализирана предност. На полувремето 0-0!

По бледиот наш почеток во првите 20 минути, следеше првата вистинска шанса во 21. минута кога по нафрлањето од десната страна од прекин на Алиоски на вториот дирек се најде Кире Ристевски сместувајќи ја топката во мрежата на Израелците. Но, откако најпрво покажа кон центарот, главниот судија од Русија, го поништи голот поради офсајд на Илија Несторовски.

Во 27. минута Израел ја имаше единствената шанса во првото полувреме кога Бен Хаим шутираше од идеална позиција, но Столе Димитриевски извонредно одбрани.

Во 32. минута нова можност за наше водство. По нафрлањето пред голот на Израел, топката пред Дарко Велковски ја зафати Бен Хаим но дирекот спречи наше водство. Во 38. минута сега Велковски се најде во одлична можност, се обиде со глава од 7-8 метри но директно во домашниот голман.

dav
dav

Полувремето заврши со обид на Алиоски од 20 метри во 41. минута над голот на Израел, и на крајот со свирежи за домашните фудбалери од околу 10.000 навивачи на „Сами Офер“.

Се вчитува...