Македонската репрезентација можеше да има водство на „Сами Офер“ во Хаифа од 0-1 против селекцијата на Израел, доколку не беше судиската одлука во 21. минута кога беше поништен, се чини, регуларен погодок на Кире Ристевски.
По нафрлањето од слободен удар на Алиоски од десната страна, топката на вториот дирек дојде до Ристевски кој ја смести во мрежата… Судиите најпрво го признаа голот, но по неколку секунди се премислија покажувајќи офсајд позиција за Илија Несторовски…
[youtube id=”v=isgP75c6-Lc” width=”620″ height=”360″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА