Ниту Кутињо, ниту Ди Марија, ниту Озил…Каталонскиот гигант Барселона одлучи да не купува ново засилување во последниот час од преодниот рок во Ла Лига, затоа што трансфер пазарот е „полуден“. Како што оценуваат на „Камп Ноу“, сите фудбалери за кои се интересира клубот, во овој момент се преценети, а клубот не сака да плажа премногу пари, само за да доведе нов фудбалер во последен миг.
Ливерпул одби понуда од 160 милиони евра, а Барселона одлучи да стави крај на наддавањето кое се случуваше и во текот на денешниот ден. ПСЖ исто така побара 80 милиони евра за Анхел Ди Марија, што беше оценето како премногу од каталонскиот клуб. Месут Озил беше исто така во опција, но Арсенал веќе нема право да купува нови фудбалери, а Арсен Венгер не дозволи да остане без својот главен креатор на играта.
Директорот за спортски операции на Барселона, Алберт Солер, како и техничкиот секретар Роберт Фернандез, утре на прес – конференција ќе ги објаснат постапките на клубот во овој летен преоден рок. Барселона ги доведе Жерар Делофеу (12 милиони евра), Нелсон Семедо (30 мил. евра), Паулињо (40 мил. евра), Дембеле (105+42 мил.евра), а го продаде Нејмар (222 мил.евра). Од клубот си заминаа и Масип, Матие, Даглас, Серхи Сампер, Марлон, Мунир и Телјо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА