УЕФА ќе ги истражува трансферите на ПСЖ

Европската куќа на фудбалот УЕФА отвори истрага за трансферите на францускиот гигант Пари Сен Жермен во овој летен преоден рок. По ангажманот на Нејмар вреден 222 милиони евра и доаѓањето на Килијан Мбапе кое ќе чини 180 милиони евра, УЕФА сака комплетно да истражи дали ПСЖ ги задоволил критериумите на финансискиот ферплеј.

ПСЖ ова лето направи вистинска револуција во европскиот клупски фудбал, па јасно е дека проверките треба да бидат максимални. УЕФА сака да истражи дали клубот ги исполнил критериумите околу соодносот на приходите и на расходите, вклучувајќи ги тука неверојатните трансфери на Нејмар и на Мбапе.

Се вчитува...