Дринквотер: Едвај чекам да заиграм за Челси

Англискиот првак Челси не успеа да доведе неколку планирани засилувања ова лето, но во последните мигови од преодниот рок во Англија се засили со Давие Запакоста од Торино и со Дени Дринквотер од Лестер. Одличниот играч за врска на „лисиците“ го комплетираше трансферот вреден 30 милиони фунти буквално во последните минути од преодниот рок. Среќен е што во иднина ќе го носи дресот на Челси.

„Не можам да ја искажам својата среќа. Ова е голем чекор напред во мојата кариера, едвај чекам да заиграм во дресот на Челси. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во обидот за одбрана на шампионската титула и освојување на нови трофеи“, изјави Дринквотер.

Менаџерот Антонио Конте сепак не може да биде потполно задоволен како минаа последните денови од преодниот рок, со оглед дека Челси не успеа да ги доведе Алекс Окслејд – Чембрлен и Фернандо Љоренте, кои беа на неговиот список на желби.

Се вчитува...