Како никогаш досега верба… – само, утре на терен да се покаже треба (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Македонската фудбалска репрезентација во очигледно позитивно расположение вечерва го одработи официјалниот тренинг на стадионот „Сами Офер“ во Хаифа каде утре против Израел ќе се одигра седмиот наш квалификациски натпревар во циклусот за пласман на СП 2018.

Се чини како никогаш досега, барем кога гостуваме и тоа против воопшто ненаивна селекција како Израел, има позитивно расположение во македонската јавност, но и националниот состав, да се стигне до триумф… Веројатно фудбалската „еуфорија“ во нашата земја изминативе месеци, од младата селекција на ЕП во Полска, па преку Вардар и Шкендија на европската клупска сцена, се пренесе и на сениорите!

Сепак, и самите фудбалери добро знаат дека сето тоа треба да се оствари на терен… Утре на „Сами Офер“. Очигледна е желбата и мотивот да се дојде до успех… Потребна е, ‘само’ уште, реализација!

[new_royalslider id=”752″]

 

Се вчитува...