Интерес „нула“ за утрешниот меч: Околу 12.000 на прекрасниот „Сами Офер“ во Хаифа

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Не се многу заинтересирани Израелците за утрешниот дуел со Македонија. Тој факт дополнително ги плаши и околу крајниот исход на мечот, затоа што факт е дека фудбалерите немаа голема поддршка од навивачите во оваа земја од Средниот Исток. Незаинтересираноста се чувствува и во Хаифа, каде речиси и никој да не знае дека Израел игра квалификациски фудбалски натпревар. Кога е спортот во прашање, се е фокусирано на кошарката!

„Сето тоа е и поради лошите резултати на фудбалската репрезентација последниот период. Навивачите почувствуваа на претходниот натпревар со Албанија дека играчите не се трудат доволно кога се носи дресот на репрезентацијата. Не е проблем поразот, но односот кон националениот дрес. Сето тоа ја оддалечува публиката. И ние сме свесни дека дури е така нема да има многу публика на натпреварите на репрезентацијата“ – велат од Израелската фудбалска федерација кои, како што не информираат, очекуваат околу 12.000 навивачи да има утревечер од 20:45 часот на дуелот против Македонија кој се игра на едно од најмодерните спортски изданија во Израел, стадионот „Сами Офер“ во Хаифа.

Според последните информации распродадени се досега 10.000 билети, а последниве два дена се очекува дополнување до бројка до максимум 12.000 колку што очекуваат на утрешниот дуел.

Билетите се по цени од 15 до 50 евра, со тоа што оставени се и дополнителни 1.000 „златни билети“ од централната ВИП ложа по цена од 125 евра.

sammy-ofer-stadium in haifa

Дуелот меѓу Израел и Македонија ќе се игра на еден од најубавите стадиони во Израел, „Сами Офер“ во Хаифа. Стадионот е со капацитет од 30.870 седишта, во сопственост е на градот, а изграден е во 2009 година. Од 2014 година како домаќини на овој стадион играат прволигашите Макаби Хаифа и Хапоел Хаифа.

Се вчитува...