Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија одлучи каде сака да ја продолжи својата кариера. На челниците на ПСЖ и дефинитивно, како што пренесуваат шпанските медиуми, веќе им ја пренел желбата да се пресели во редовите на Барселона.
Како што пишува каталонски „Спорт“, Ди Марија на својот тренер Унаи Емери како и на раководството на клубот ги замолил да не му „стојат на патот“ кон реализацијата на овој трансфер.
И во Барселона се добро запознаени со фактот дека Ди Марија сака да премине во нивните редови, иако и свесни дека ќе биде тешко да се постигне договор со францускиот клуб. „Џокер“ плус за Каталонците во преговорите е намерата во ПСЖ да го пуштат Андре Гомеш, плус секако со дополнителната финансиска отштета за купување на Аргентинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА