Талентираниот фудбалер за врска на Баерн Минхен, Ренато Санчез ќе биде позајмен во екипата на Свонси, тврди италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марсио. Клубот од Велс ќе исплати 5 милиони евра за едногодишната позајмица, додека следната година ќе имаат можност да го откупат Португалецот за сума 30 милиони евра.
„Златното“ момче од 2016 година изненади со својот избор, земајќи во предвид дека имаше доста понуди од поквалитетни клубови. Гиганти како Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Интер, Јувентус, Милан се надеваа на неговите услуги, но фактот дека најголема минутажа ќе добие токму во составот на Пол Клемент, можеби ја игра најголемата улога во одлуката на Санчес за преселбата во Свонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА