Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси не може да биде премногу задоволен по трката изминатиов викенд во Силверстон. Роси водеше во најголемиот дел од трката, но пред самиот крај ја загуби лидерската позиција завршувајќи на третото место, зад Довициозо и Виналес.
„Обично за титулата се борат двајца или тројца возачи, а оваа година сме пет. Секогаш сум реален, среќен сум што сум во добра позиција и што е се отворено. Не сум доволно добар во самиот финиш од трката за да се борам за титула. Не сум далеку, ама сум на четврто место што не е и баш најдобар“ – вели Роси и дополнува:
„До крајот на шампионатот не остана уште многу, само шест трки. Мора да дадам се од себе“.
Роси во вкупниот пласман е на четвртата позиција со 26 бода заостанување зад лидерот Андреа Довициозо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА