Македонската репрезентрација ги продолжува подготовките за претстојниот натпревар против Израел во Хаифа на 2. септември во рамките од квалификациите за СП 2018 во Русија.
Фудбалерот на Вардар, Бобан Николов вели дека доколку сите во тимот го дадат максимумот нема причина да стравуваме, туку напротив, да се бориме за победа.
„Очекувам да одиграме одличен натпревар против Израел, противник кој едноставно ни е „должник“ откако со многу среќа славеа на првиот натпревар во Скопје. Се обидувам да се наметнам со многу работа на тренинзите, впрочем како што и сите останати, а на селекторот е одлуката кој ќе игра. Работиме добро, се фокусираме на нашата игра и начинот на кој ние ќе се спротивставиме во Хаифа. Ако сите го дадеме максимумот нема причина да стравувуваме, напротив, мислам дека ќе бидеме близу до посакуваното. Овие два меча против Израел и Албанија нека бидат пресвртница за нас во позитивна смисла. Ако некој тоа го посакува и заслужува тоа сме ние во тимот“ – вели Бобан Николов.
По подготовките во Скопје, репрезентацијата утре во утринските часови заминува за Хаифа каде на 2. септември од 20:45 часот се игра натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА