Борусија Дортмунд го комплетираше трансферот на бекот на Хофенхајм, Џереми Тољан, за сума од 5 милиони евра. Младиот германски репрезентативец потпиша петгодишен договор со „милионерите“, додека Хофенхајм за возврат го доби како позајмен играч 19-годишниот десен бек, Феликс Пашлак.
Тољан може по потреба да игра и на десната и на левата странична позиција, па германскиот клуб може да биде задоволен со фудбалерот кој ќе биде наследник на искусниот Лукаш Пишчек.
23-годишниот играч беше дел од младата репрезентација на Германија, која го освои златниот медал на ЕП за фудбалери до 21 година, кое се одржа во Полска ова лето. Јувентус, Челси и Тотенхем чекаа своја шанса за преговори со Тољан, но тој одлучи да остане во Бундес-лигата, а Дортмунд се чини како перфектна дестинација за продолжување на неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА