Ливерпул конечно се согласи да го продаде бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо.
Како што пренесуваат англиснките медиуми, „црвените“ попуштиле под налетите на Барселона одлучувајќи да го продадат Кутињо за еден од најголемите трансфери на сите времиња – 160 милиони евра! Трансферот треба да се заокружи до утре на полноќ.
Со продажбата на Кутињо се наведува дека Ливерпул уште денеска ќе донесе нови фудбалери во своите редови. Кутињо од Барселона го делат само детали, а во Ливерпул се наведува дека би можел да пристигне Чемберлен од Арсенал.
Трансферот од 160 милиони евра на Кутињо би бил трет најголем во историјата, по Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбпате (180 милиони евра). Кутињо во Ливерпул пристигна пред четири и пол години од Интер за само 13 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА