Селта Виго исплати 13 милиони евра плус клаузули на Борусија Дортмунд за услугите на Емре Мор. Tурскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со шпанскиот прволигаш, а своето деби ќе го има против Алавес по завршувањето на репрезентативната пауза.
20-годишното крило е едно од најталентираните млади момчива во фудбалската сфера, за тимот од „Сигнал Идуна Парк“ одигра 19 натпревари во минатата сезона, запиша три асистенции и еден гол. Од своето деби за репрезентацијата на Турција, досега има настапено на 12 меча со еден постигна погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА