Плишкова ќе донира по 200 евра за секој ас на УС Опен

Прворангираната светска тенисерка Каролина Плишкова почна хуманитарна акција за време на УС Опен, донирајќи по 200 евра за секој ас што ќе го направи на гранслем турнирот во Њујорк. Чешката тенисерка, која важи за извонредна серверка, потенцирала дека парите ќе бидат донирани на болница во Прага што се грижи за деца заболени од канцер и од леукемија.

Таа веќе донираше 8.000 евра како старт на оваа иницијатива, која ќе продолжи и на следните турнири.

Сакам да им помогнам на децата кои навистина имаат потреба во тешките моменти. Воедно, ова ќе ми биде мотивација да сервирам најдобро што можам“ – изјави 25-годишната Каролина Плишкова.

Се вчитува...