Давид Ферер и Јохана Конта се првите „жртви“ на самиот старт на УС Опен, откако не успеаја да се пласираат ниту во второто коло од гранслем турнирот во Њујорк.
Ферер, кој играше солидно на последните турнири, беше изненаден во пресметката со Кукушкин, губејќи со 1-3 во сетови. Шпанецот одлично го почна мечот и поведе со 1-0, но потоа следеше огромен пад во неговата игра, па Кукушкин ги доби следните три гејма со 6-3, 6-2, 6-1, за заслужен пласман во следната рунда.
За разлика од Ферер, поголеми проблеми на стартот немаше Цонга, кој славеше со 3-0 над Романецот Копил, додека Марин Чилиќ загуби еден сет во триумфот над Американецот Сандгрен.
Александра Круниќ, која во квалификациите за Вимблдон ја елиминираше нашата Лина Ѓорческа, денеска го приреди најголемото изненадување на УС Опен совладувајќи ја Јохана Конта. Британката дури и прва поведе, но потоа Круниќ презеде контрола и ги доби следните два сета со 6-3, 6-4 за една од своите најголеми победи во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА