Милевски ги собра новите млади сили за квалификациите за ЕП 2019!

Благоја Милевски од денеска ја собра новата генерација млади сили која ги стартува квалификациите за ЕП 2019 во Италија.

Милевски на собирот располага и со пет фудбалери кои беа дел и од Европското првенство во Полска, но сосема е јасно дека се поставува темелот на еден комплетно нов тим кој ќе го носи товарот на успесите на своите претходници.

Но, како што вели и македонскиот селектор никој од тоа не стравува. Напротив, успехот на претходната генерација ќе биде огромен мотив повеќе за новите младите фудбалери кои сега треба да се докажуваат…

„Квалификациите ги почнуваме со Ерменија на гостински терен на 5. септември. Јасно е дека не очекува тежок противник, но верувам дека добро ќе се подготвиме за првиот предизвик. Создаваме комплетно нов тим пред кого е можност за докажување. Веќе не се осврнуваме на минатото, тоа што беше со претходната генерација е зад нас, сега не очекува нов предизвик со кој ќе треба успешно да се избориме“ – вели Милевски.

Репрезентацијата ќе се подготвува во Скопје до 2. септември кога заминува за Ереван. Натпреварот со Ерменија се игра на 5. септември.

Се вчитува...