АБА 2: Охрид тргнува дома со Борац на 10/11 октомври

Екипата на Охрид ќе го почне својот дебитантски настап во втората лига на АБА со домашен натпревар против Борац Чачак.

Раководството на регионалната лига денеска го обелодени системот на натпреварување по што ќе биде познат шампионот, екипата што потоа ќе обезбеди влез во елитното регионално натпреварување. По лигашкиот систем од 22 кола, решено е да се игра фајналфор турнир на кој шампионот ќе обезбеди промоција во Првата лига на АБА.

Воедно, со утврдениот распоред охриѓани во првото коло закажано за 10 или 11 октомври ќе бидат домаќини на Борац Чачак. Во второто коло ќе следи гостување во Црна Гора против Ловќен, по што на ред ќе бидат дуелите со екипата квалификант (дома), Зрињски (гости), Рогашка (дома), Динамик (гости), Теодо (дома), Сплит (гости), Босна (дома), Крка (гости) и квалификант (дома).

Се вчитува...