Леви нема многу да менува во составот на Израел за дуелот со Македонија

Селекторот на репрезентацијата на Израел, Елиша Леви го соопшти списокот на репрезентативци на кои ќе смета за престојните два квалификациски натпревари против Македонија и против Италија.

Дуелот Израел – Македонија се игра на 2. септември во Хаифа, а пресметката против Италија, Израелците ќе ја играат на 5. септември во Тел Авив.

СПИСОКОТ НА ИЗРАЕЛ ЗА ДУЕЛИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И ИТАЛИЈА:

Голмани: Омри Глазер (Макаби Хаифа), Ариел Харуш (Анортозис, Кипар), Борис Клеиман (Беитар)

Одбрана: Тал Бен Хаим (Макаби Тел Авив), Еитан Тиби (Макаби Тел Авив), Шир Цедек (Хапоел Бер Шева), Хатем Алхамид (Хапоел Бер Шева), Бен Битон Давидзада (Макаби Тел Авив), Талеб Тавата (Ајнтрахт Ф, Германија)

Среден ред: Давид Колтинс (Беитар), Бејбар Натхо (ЦСКА Москва, Русија), Јоси Бенајун (Беитар), Алмог Кохен (Ингелштад, Германија), Марван Кабха (Марибор, Словенија), Лиор Рафаелов (Бриж, Белгија), Маор Маликсон (Хапоел Бер Шева), Дан Еинбиндер (Хапоел Бер Шева)

Напад: Манор Соломон (Макаби Петах Тиква), Томер Хемед (Брајтон Англија), Тал Бен Хаим 2 (Спарта Прага, Чешка), Еран Зехави (Гуангжу, Кина), Монас Дабур (Салцбург, Австрија).

Се вчитува...