Германскиот интернационалец Џулијан Дракслер нема намера да го напушти Пари Сен Жермен ова лето, иако има понуди од Премиер – лигата. За него се заинтересирани Арсенал и Ливерпул, но неговиот агент Роџер Витман ги демантираше гласините дека тој е подготвен да си замине.
По доаѓањето на Нејмар, сега Дракслер ќе се соочи со многу поголема конкуренција за настап во првиот состав, но германскиот репрезентативец е решен да остане во Париз и да ги докаже своите квалитети. Во еден момент, кога трансферот на Нејмар се уште не беше реализиран, постоеше можност Дракслер да замине во спротивен правец и да го облече дресот на Барселона, но и тоа не се случи. Германецот дојде во ПСЖ од редовите на Волфсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА