Работнички ја заврши потрагата по нов плејмејкер ангажирајќи го Американецот Кори Вилијамс како наследник на Владо Илиевски.
Марин Докузовски како опција имаше неколку квалитетни играчи, за на крајот да го избере 28-годишниот кошаркар кој доаѓа од Канада, каде го носеше дресот на Монктон. Најголемото искуство во Европа го има од настапите во Полска, каде во дресот на Шчечин имаше просек од 9.5 поени, додека како член на Роса Радом новиот член на Работнички бележеше по 12 поени и 4,1 асистенции по натпревар.
Претходно, Работнички потпиша договори со Американецот Маркус Гинјард и со бугарскиот репрезентативец Чавдар Костов, додека, додека од „Градски парк“ си заминаа тројца македонски кошаркари, Владо Илиевски најави крај на кариерата, Диме Тасовски се пресели во Гостивар, додека младинскиот репрезентативец Андреј Маслинко ги засили редовите на МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА