Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти потврди дека нивниот капитен, Мануел Нојер ќе биде достапен за утрешниот дуел против Вердер Бремен во рамките од 2. коло во Бундес-лигата.
„Мануел Нојер е комплетно опоравен и е подготвен за утрешниот дуел“, изјави Анчелоти.
Германскиот чувар на мрежата е надвор од терените уште од април месец, кога доживеа фрактура на стопалото се на реванш мечот против Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ. Сепак, селекторот на актуелниот светски првак, Јоаким Лев одлучи да го не го повика голманот на „баварците“ за претстојните дуели против репрезентациите на Чешка и Норвешка, во пресрет на квалификациските кола за СП во Русија.
Тиаго Алкантара и Хави Мартинез исто така ќе бидат достапни за утрешното гостување, но не е познато дали ќе започнат од првата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА