Ако се суди според првичните реакции од четирите клуба од Групата Л во Лигата на Европа, во која е и македонскиот Вардар, се чини најголемо разочарување доживеа норвешкиот Розенборг.
Согласно првите изјави од раководството на клубот очигледна е разочараноста поради неатрактивноста на групата…
„Да бидеме искрени очекувавме далеку поатрактивна група, а не противници од Русија и Македонија кои за нашите навивачи апсолутно не се привлечни“ – вели првиот човек на клубот, Ивар Котенг, кој смета дека нема да се мине финансиски според очекувањата со вакви противници.
„Сигурно овие не се екипи и за исполнување на трибините. Затоа ќе се обидеме ако ништо друго да се пласираме понатака во Лигата на Европа и со тоа да ги задоволиме нашите навивачи. Во секој случај, не очекуваме некое атрактивно натпреварување“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА