Панучи го соопшти списокот на Албанија за мечот со Македонија во Струмица

Селекторот на Албанија, Кристијан Панучи го соопшти спитокот на фудбалери на кои ќе смета за пресметката против Македонија на 5. септември во Струмица во рамките на квалификациите за СП 2018.

Панучи повика 24 фудбалери за септемврискиот собир од кои сосема очекувано 22 интернационалци и само двајца од домашното првенство.

Меѓу повиканите за првпат е и Валон Ахмеди, родениот охриѓанец за кого претходно беше заинтересирана и Македонија за настап во А селекцијата. 22-годишниот Ахмеди настапува за словенечки Марибор. Во тимот се и искусните Аголи, Лила како и најдобриот албански офанзивец Армандо Садику.

СПИСОКОТ НА АЛБАНИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО МАКЕДОНИЈА

Список - Албанија

 

Се вчитува...