Претседателот на Зенит, Сергеј Фурсенко, изрази задоволство од добиената група во Лигата на Европа. Тој е оптимист дека Зенит ќе се пласира во следната фаза, а што се однесува до Вардар потенцираше дека рускиот гигант сигурно нема да го потцени македонскиот првак во меѓусебните пресметки.
„Ова е добра група за Зенит, апсолутно сум сигурен дека ќе ја минеме. Реал Сосиедад е посилен од останатите екипи во групата и ќе ни биде главен ривал. Со Розенборг имаме играно претходно, станува збор за тим што игра цврст, физички фудбал. Што се однесува до Вардар, нема да има никакво потценување како што не потценуваме ниту еден противник. Секогаш со почит гледаме на ривалите, така ќе биде и со сите противници во Лигата на Европа. Ќе треба да работиме заедно“ – изјави Фурсенко за руските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА