Спировски денеска потпишува за Ференцварош, силен интерес и за Николов!

Вардар за престојнава сезона останува без репрезентативецот Стефан Спировски кој денеска треба да потпише за еден од најдобрите унгарски клубови, Ференцварош.

Спировски, веднаш по синоќешниот натпревар со Фенербахче во Истанбул, денеска треба да отпатува во Будимпешта каде го очекуваат лекарските прегледи и официјалното потпишување на договорот со унгарскиот прволигаш.

Токму поради заминувањето на Спировски, од Вардар се најавува ангажман на српскиот интернационалец Вања Марковиќ.

Силен интерес од неколку западноевропски екипи има и за еден од најдобрите фудбалери на Вардар, репрезентативецот Бобан Николов кој во континуитет игра одлично оваа сезона. Николов и на европските натпревари на „црвено-црните“ летово беше еден од најдобрите поединци, по што дополнително го привлече вниманието на европските клубови.

Денеска и бугарските медиуми пренесоа информација за можна преселба на капитенот Бобан Грнчаров во редовите на бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

Се вчитува...